Лудило

943

Доаѓаат такви денови кога луѓето ќе полудат и кога ќе видат дека некој не е полуден ќе го напднат велејќи: „Ти си луд! Ти не си како нас! – Авва Антонија Египетски

Поминаа година дена од она фамозната најрепетиривна изјава на одговорните во земјава – Овие недели се клучни и ќе ја сузбиеме епидемијата! За да си удоволат повторно и повторно… доброволно дадовме да ни го подисперат мозокот со – За Велигден мора да сме заклуени дома и нема мрдање, за некои други празници потоа, можело по пар саати, за атер. Аавтобусите си врват – преполни, но кафаните и културата се проблем они не убиваат- каква иронија на тоталитарниот ум!

Па, лапање неварена боранија која уште послатка ја окркавме – изборите клуч за сузбивање на пандемијата … и така, еве сме епидемиолошки сузбиени во неповрат. Македонија за една година, екстраординарно изгуби едно цело Берово (не сметајќи ја редовната смртност).

Но, важно сеуште маргиналци кои се товат на општата ниска култура и неписмеснот, пардон – балканска јутјуб просветленост, се занимаваат прво со опозицијата, па со поединци и кој не навлезе во апсурдот на девнополитичките небулози и теориите на заговори на поединци е толку многу забегана во своето лудило да веќе е надминат прагот на матриксот – тоа е новата реалност и се она што ја опстана и создаде цивилизацијата, го извитоперија исто како и оние кои навалија на полиродови дегенерации на телото и мисловниот процес.

Опозицијата ја следам прилично кога се работи за сите овие прашања, од избори, до попис, до вакцини, до марки итн. итн. … и сите изјави се на место. Не разбирам зошто прозивки до нив да се изјаснат – кога веќе се изјасниле? Колку пати треба да се повтори за да еве еден скептичен ум го разбере кој е ставот? Еве времето покажаа дека изборите беа ризик чија цена ја плаќавме на есен, или заборавивте? А, не видовме подобро справување со ситуацијата. Исто така не’ убедија дека мора избори за да се среди и еве сме, вакцини? Одиме во Србија? Какво понижување! Режимот северен се среди подобро од демократските кантрија…. туку да се вратам…опозицијата кажа, ја направија будала, и се смееја, но подобрување со сотојбата нема, ама има Мексико, Дубаи и ново сексуално воспитување! И сега сме кај пописот. МОРА!

Да мора и до толку хистерично се инсистира на тоа, до толку прв па албанскиот блок е фанатично посветен на оваа операција која како што сите ни бербатаата на сивата маса дека е од клучно значење да одскокне државата. Човек со право на ваков фанатизам кој е просто заслепувачки иснтиктивно индициран и со неодложност рамна на куче кое мора да обележи територија со урина се прашува – па за ништо во битисувањето држано од изградбата на Брчко – Бановичи не сме виделе олкава посветеност на општествено ниво!

Знаете од такви како вас животот ми помина, не само мене, во празни, лажни флоскули. Паметам уште 70-те кога викааа, еве сме да издржиме уште малку, реформите се при крај и се ќе се среди… доаѓа социјализмот, сите среќни. Истата тотоалитаристичко – комунистичка реторика до ден денес, најновото ни е уште ова и готово што? Шфицарска!?!?

Будали мора да има, оние кои опитот и животот, искуството, опитот со проверените неисполнувачи на ветеното, чиј збор не држи, кои повторно и повторно се самодокажуваат дека не сакаат или не можат да исполнат, што не е битно, но важно јас сум абнорамелн, јас сум луд, јас сум црвот на соменжот кој го труел општеството.

Секој се надева дека ќе го одмине неминовниот екомномски пекол кој ни доаѓа, секако вие, партиски определенете, сесрдно се борите, ни за што друго, туку да бидете на цицката на вашата крава музара, за да со што помалку работа – живеете колку може подобро. Мрзата и лагата се императивен меинстрим. Затоа уживајте, јас во своето лудило останувам она што и бев, маргиналец и нема но… нема заклучок, нема триумфализам како дегенине користољупци – јас прв кажавм, јас бев во право, јас имам најмногиу кликови … И што со тоа? Не можете дома да зачистите- ќе средите државата.

Јас сум луд, 20 години, фала за комплиментот.

Автор: Јанко Илковски за НетПрес

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.