Луиџи Ди Мајо поднесе оставка од местото претседател на Движењето 5 ѕвезди

68
ANSA/RICCARDO ANTIMIANI

Претседателот на Движењето пет ѕвезди (М5Ѕ), Луиџи Ди Мајо, поднесе во средата оставка на оваа должност, четири дена пред регионалните избори кои се сметаат за пресудни за опстанокот на владата којашто ја сочинуваат ова порано антиестаблишмент и евроскептично движење и левата Демократска партија (PP).

Движњето М5Ѕ е најголемата партија во коалицијата на непартискиот премиер Џузепе Конте, па се смета дека оставката на Луиџи Ди Мајо, кој ја извршуваше функцијата министер за надворешни работи, дополнително ќе ја ослоби коалицијата со PP, која веќе е подјадувана од кавгите меѓу двете партии.

„Денска сум тука за да поднесам оставка како претседател на партијата“, изјави Ди Мајо, на состанокот на раководството и членови на М5Ѕ. Во говорот кој траеше речиси еден час, а кој на крајот беше проследен со силен аплауз, го нарече М5Ѕ „визионерски проект кој претходно не постоеше“.

Триесет и тригодишниот Луиџи Ди Мајо дојде на чело на движењето во септември 2017 година, откако се повлече основачот М5Ѕ, познатиот италијански сатиричар Бепе Грило, и другите челници.

Неочекуваната и ненајавена одлука за повлекување на Ди Мајо доаѓа непосредно пред важните регионални избори кои во недела ќе со одржат во Емилија-Ромања, каде победата на десницата може да доведе пад на италијанската влада која по излегувањето на крајно десната Лига ја сочинува кревката коалиција меѓу Движењето пет ѕвезди и Демократската партија.

Победата на крајната десница во оваа покраина и нејзиниот главен град Болоња, која е традиционално упориште на левицата, може да доведе до распишување предвремени парламентарни избори, кои челникот на Лига, Матео Салвини, сакаше да ги изнуди уште минатата гдоина кога ја напушти коалициската влада со Движењето пет ѕвезди.

Луиџи Ди Мајо, кој е оспорuван како политичар и лидер и во самото Движење, би требало да остане шеф на дипломатијата во владата на Џузепе Конте, кој не е член на М5Ѕ но е премиер по нејзин предлог.

„Но ова е момент во кој партијата оди наназад. Заморен сум и исцрпен“, комнетирал Ди Мајо пред блиски соработници“, пренесуваат италијанските медиуми.

Движењето пет ѕвезди на последните два парламентарни избори беше поединечно најсилната партија, а во март 2018 година освои 52 отсто, но на европските избори во мај 2019 година падна на само 19 отсто. Во меѓувреме најмалку четиринаесет пратеници ја напуштија пратеничката група на Движењето во парламентот.

Во последните анкети Движењето пет ѕвезди има поддршка од околу 15 отсто, зад Демократската партија со 18 отсто, а Лига има 33 отсто поддршка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.