Луис Енрике ќе го менува Емери на клупата во Арсенал

36
Arsenal's Spanish head coach Unai Emery gestures on the touchline during the English Premier League football match between Arsenal and Tottenham Hotspur at the Emirates Stadium in London on September 1, 2019. (Photo by Ian KINGTON / IKIMAGES / AFP) / RESTRICTED TO EDITORIAL USE. No use with unauthorized audio, video, data, fixture lists, club/league logos or 'live' services. Online in-match use limited to 45 images, no video emulation. No use in betting, games or single club/league/player publications.IAN KINGTON/AFP/Getty Images

Поранешниот тренер на Барселона и шпанската репрезентација, Луис Енрике, се споменува меѓу кандидатите за тренерската позиција во Арсенал. Управата не е задоволна од резултатите на Унаи Емери, па активно бара негов наследник.

49-годишникот од Хихон е на врвот на листата, кој поради лични причини ја напушти селекторската функција во Шпанија во март годинава. Неговата ќерка боледуваше од тешка болест и го загуби животот неколку месеци подоцно, поточно во август.

И претходно Енрике беше на радарот на тимот од Лондон, но тогаш премиерлигашот се одлучи за услугите на Емери, кој си замина од ПСЖ.

„Топџиите“ имаат само 17 бода во тековната сезона, дури половина помалку од лидерот Ливерпул и осум помалку од местата кои водат во Лигата на шампионите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.