Луис Хамилтон потврди – сака да го купи Челзи

Седумкратниот светски првак во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон, потврди денеска дека сака да учествува во купување на лондонскиот премиерлигаш Челзи.

– Да, баш би сакал, рече Хамилтон, одговарајќи на новинарско прашање дали сака да го купи клубот.

На дополнителното прашање – „Значи вистина е?“, Хамилтон одговори: „Да“.

Возачот на Мекларен заедно со легендарната американска тенисерка Серена Вилијамс се меѓу инвеститорите во конзорциум заинтересиран да вложи пари во купување на актуелниот европски првак.

Хамилтон, кому многумина му замеруваат за намерата да го купи Челзи како деклариран навивач на Арсенал, рече де ка често е во контакт со Серена Вилијамс.

– Таа е феноменална спортистка и жена. Ме праша што мислам за тоа и кога и реков дека ќе се вклучам (во конзорциумот за купување на Челзи), одлучи и таа да се приклучи, изјави Хамилтон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.