Луис Суарез двоен стрелец за победа на Атлетико

153

Донеодманешниот уругвајски напаѓач на Барселона, Луис Суарез, постигна два погодока за Атлетико Мадрид кој во последниот дуел од 19-то коло од шпанското фудбалско првенство во четвртокот вечерта славеше со 2:1 на гостувањето кај Еибар.

Домашната екипа поведе во 12 минута кгоа голматнот Марко Дмитровиќ стана првиот голман во Ла Лига по 17 години кој постина погодок од пенал. Следеше пресвртот во режија на Суаерез. Во 40 минута израмни израмни искористувајќи ја нерешителноста на домашната одбрана, а во 88 минута со „паненка“ го реализираше пеналот за конечните 2:1.

Сега Атлетико Мадрид со 44 бодови има седум бодови предност пред бранителот на титулата Реал Мадрид кој има и меч повеќе, а како и третата Барселона која има 34 бодови. Еибар е 15-ти со 19 бодови.

Во претходно одиграниот меч, Валенсија и Осасуна на „Местаља“ одиграа 1:1. Гостите поведоа со голот на Жонатан Гаљери во 42 минута, а домашните израмнија со автоголот на Унаи Гарсија во 69 минута.

Валенсија со 20 бодови од 19 натпревари е на 14-то место, а Осасуна со 16 бодови го зазема претпоследното 19-то место во Ла Лига.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.