Тој вели дека прв чекор бил признавањето на самиот себеси дека има проблем, а веднаш потоа решил да посетува психолог, со кого ќе може да разговара за се и да проба да сфати што е причината за ваквото однесување.
Нагласил и дека клубот комплетно го поддржува во неговите напори да се врати на правите патеки и дека тоа го прави многу среќен.
Инаку Суарез полека но сигурно се враќа во старата форма. Иако сеуште не почнал да ги тресе противничките мрежи како што го правеше тоа во дресот на Ливерпул, сепак играта е на едно завидно ниво, што секако може само да ги радува челниците на клубот.