Луис Суарез се враќа на терените

Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез се врати на теренот. Се чини дека Уругваецот ќе може да учествува во наредното дерби против Еспањол. Суарез се појави на последната тренинг-сесија на тимот.

Артур Мело, кој исто така се мачеше со повреда најверојатно се враќа во игра. Артур заработи повреда во дербито против Атлетико Мадрид и ги пропушти последните три натпревари на тимот против ПСВ Ајндховен, Виљареал и Културал Леонеса.

Враќањето на Артур ќе значи дека тренерот Ернесто Валверде ќе може да смета на сите фудбалери во средниот ред, со исклучок на Рафиња Алкантара, кој ќе отсуствува до крајот на сезоната, поради опоравување по операцијата.

Единствено Серхио Роберто продолжува да тренира одделно од групата, бидејќи тој се уште заздравува од повредата и тој сигурно нема да може да учествува во дербито против Еспањол.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.