Луис Суарез во Реал (М) за 90 мил. евра

Пред една година, одвои 100 мил. евра за да ги осигура услугите на велшкиот интернационалец од редовите на Герет Бејл, а сега претседателот на новиот европски клупски шампион, Реал (М) е подготвен да одвои околу 90 мил. евра за да го осигура потписот на најдобриот фудбалер во дресот на Ливерпул, Луис Суарез.

Фудбалските медиуми во Шпанија и Англија ја пласираа сензационалната информација дека првиот човек на “кралскиот клуб” остварил контакт со раководните лица на Ливерпул и за време на телефонскиот разговор, Перез ги информирал дека е подготвен да одвои 90 мил. евра за услугите на уругвајскиот интернационалец.

Доколку двата клупа постигнат договор околу обештетувањето, Суарез ќе започне преговори околу личните побарувања. Освен што ќе му биде понуден 5-годишен договор, со евентуалната преселба на “Сантијаго Бернабеу”, брзоногиот напаѓач ќе си осигура рекордна годишна плата од 16 мил. евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.