Бразилскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Чезли, Давид Луиз, експресно ја демантираше последната пласирана шпекулација од англиските медиуми дека е незадоволен од новата позиција и дека ќе побара промена на клупската средина за време на летниот преоден рок.
„Сакам и понатаму да го носам дресот на Челзи, сакам да играм за Челзи. Не е важно на која позиција играм, не е важно дали сум играч за врска или централен дефанзивец. Јас сум пресреќен што добив шанса да играм за еден толку голем клуб каков што е Челзи”, изјави репрезентативецот на Бразил.
Во изминатите неколку месеци актуелна беше приказната дека челниците на каталонскиот гигант Барселона се подготвени да одвојат околу 35 милиони евра за услугите на Давид Луиз.