Лука Циндриќ замена за Наумче Мојсоски

Македонскиот ракометен вицешампиион Металург, најде замена за повредениот среден бек Наумче Мојсоски. Замената на најдобриот ракометар во тимот од Автокоманда е Хрватот Лука Циндриќ (20 години, 185 см, 90 кг), кој потпиша двегодишен договор со клубот.
“ Многу сум среќен и почестен што врвен ракометен стручњак како Лино Червар виде потенцијал во мене и ме повика да бидам дел од ракометното семејство Металург. Голема е одговорноста и очекувањата што ги имаат од мене, да играм на позицијата на која настапува еден од најдобрите балкански ракометари, Наумче Мојсовски. Ќе сторам се што е во моја моќ да ја оправдам довербата на тренерот Червар и да бидам достојна замена за еден врвен играч, изјави за одицијалната страница на клубот новиот централен бек на тимот од Автокоманда.
Циндриќ, кој претходно играше во Огулин и во Сењ, сезонава настапуваше за хрватскиот клуб Карловац со кого заврши на третото место во домашното првенство и воедно се пласира во осминафиналето од Челинџ Купот.