Лука Дончиќ и Никола Јокиќ во најдобрата петорка на НБА лигата

Лука Дончиќ, Никола Јокиќ и Јанис Адетокумбо се најдоа во најдобрата петорка на НБА лигата за оваа сезона.

Тројцата кошаркари кои што доаѓаат од Балканот беа селектирани од стручно жири кое што го сочинуваа новинари, тренери и кошаркари, а покрај нив уште се најдоа и Девин Букер и Џејсон Татум.

Од сите овие кошаркари, сезоната уште за Лука и Татум не е завршена, а останува да се види дали некој од овие двајца ќе се пласира во големото финале.

Во првите резерви, пак се најдоа: Џоел Ембид, Џа Морант, Стеф Кари, Кевин Дјурент, ДеМар Дерозан. Додека втори резервни играчи на крајот испаднаа: Карл Ентони Таунс, ЛеБрон Џејмс, Крис Пол, Тре Јанг, Паскал Сијакам.