Лука и Јана се најчестите имиња на бебињата родени лани

Според виталната статистика на Државниот завод за статистика, минатата година се родиле 18.648 живородени бебиња, од кои 9.531 машки и 9.117 женски.

Како најчести 20 имиња, десет машки и десет женски, со убедливо водство е Лука – 213 родители си го крстиле детето со тоа име, а Јана и Софија пак го делат првото место како најчести женски имиња.

Топ пет најпопуларни имиња за момчиња се Лука, Дамјан, Михаил, Марко и Јован. Додека за девојчиња најпопуларни се имињата Јана, Софија, Ана, Мила и Хана.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.