Лука Јовиќ оди во Реал Мадрид

Шпанскиот фудбалски гигант мадридски Реал во вторникот попладнето го потврди трансферот на Лука Јовиќ и со 60 милиони евра со што го направи најскап фудбалер од Балканот.

Детали од договорот не беа откриени, но медиумите пишуваат дека се работи за трансфер вреден 60 милиони евра, плус дополнителни пет милиони евра во бонуси.

Реал испрати официјално соопштение и пренесе дека сѐ е договорено со Ајнтрахт од Франкфурт, играчот добил договор до 2025 година и треба само да ги мине лекарските прегледи.

Од зделката полза има и Бенфика, кој треба да добие 20 отсто од оваа сума, но има и шпекулации според кои дури 30 отсто им припаѓат на лисабонските „орли“ и во нивната каса ќе се слеат 18 милиони евра