12.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

Лукаревска: Корона-кризата ја видовме како можност за брза трансформација на економијата

Носителката на листа од ИЕ2, од коалицијата „Можеме“, Сања Лукаревска, денеска го посети локалитетот „Студена вода“ кумановско, кој изминатиов период интензивно се уредува и ќе стане атрактивно излетничко место.

Локалитет интензивно се уредува, бидејќи потенцира Лукаревска важно е секој потенцијал да биде искористен и ставен во функција на граѓаните.

За уредувањето на ова излетничко место кое се наоѓа на пет километри од градот и пристапниот пат, вложени се над 11 милиони денари, најголем процент од програмата за рурален развој.

-Во изминатите три години докажавме дека знаеме да ги решаваме работите на ефикасен и на праведен начин, дури и во најтешкото не се откажавме, туку продолживме напред и успеавме. За следниот мандат СДСМ и Коалицијата „Можеме“ обезбедуваме нов развоен концепт, нова македонска развојна економија, за стабилен раст, повисоки плати и шанса за сите, рече Лукаревска.

Кризата предизвикана од коронавирусот, додава Лукаревска ја виделе како можност за брза трансформација на економијата, посочувајќи ги мерките наменети и за граѓаните и за компаниите.