Лукаревска: Нема скандал од страна на УЈП, туку малверзации даночни обврзници

УЈП алармираше веднаш штом се утврдени малверзации од страна на даночните обврзници. Вели во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, директорката на УЈП и заменик претседателка на СДСМ, Сања Лукаревска. Запрашана за случајот што го отвори опозициската ВМРО-ДПМНЕ, со тврдење дека станува збор за афера на УЈП и високи функционери од власта, тешка 20 – 30 милиони евра, Лукаревска вели:

„Ние алармиравме веднаш штом ги утврдивме овие небулозни дејствија од страна на даночните обврзници. Затоа, не можам да дозволам да се кажува за скандал на Управата за јавни приходи, туку скандал од незаконско работење од страна на даночни обврзници коишто се сопственички поврзани и коишто ги менаџира едно исто сметководствено биро. Станува збор за неосновано даночно побарување, односно нешто што го попречува функционирањето на данокот за додадена вредност во врска со законот за даночна постапка“, рече Лукаревска.