Лукас да ги оправда потрошените 42 милиони евра

Иако пред една година, најбогатиот клуб во француската Прва лига, ПСЖ, потроши 42 мил. евра за да ги осигура услугите на бразилскиот интернационалец Лукас Моура, младиот играч за врска се уште ги оправдано големите очекувања на клупските челници.

Дека постои големо разочарување од ефектот на поранешниот фудбалер на Сао Пауло потврди и тренерот на ПСЖ, Лорен Блан.
“Ако постигнеше погодок на дерби пресметката против Олимпик од Марсеј тогаш немаше да збориме на оваа тема подолг временски период. За жал, Лукас не ја погоди противничката мрежа, но не одигра лош натпревар. Лукас мора да сфати дека има улога на напаѓач и мора да постигне погодок во таквата ситуација. Точно дека е млад, но игра за голем клуб и тука сите очекуваат брз напредок”, изјави тренерот на ПСЖ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.