Лукашенко им порача на мигрантите дека нема да ги протерува дома, им се обрати на Германија и на Полска

Белорускиот претседател Александр Лукашенко им порача во петокот на мигрантите на границата со Полска дека Белорусија ќе им помогне да се вратат во своите татковини, но дека нема да ги тера и присилува на тоа, и истовремено ги повика Германците и Полјаците да помогнат во решавањето на мигрантската криза.

„Тука повеќето луѓе сакаат да ги обидинат своите семејства, примете ги овие луѓе кај вас. Ова е мал товар за Германија. Но, сето тоа го блокираат Полјаците“, рекол Лукашенко, пренесува неговата официјална веб-страница.

Им се обратил и на Полјаците, велејќи дека „полското раководство се избезумило и го загубило чувството за реалност“. „Драги Полјаци, ве молам да ги сфатите вашите политичари“, рекол Лукашенко и додал дека полските власти извеле „масакр“ на границата за да го одвлечат вниманието од внатрешните проблеми.

Лукашенко ги уверувал бегалците дека нема да бидат ловени, приведувани и насилно депортирани, но оти белоруските власти ќе им помогнат на оние коишто сакаат да се вратат во своите татковини.

„Ако сакате да заминете одовде, ќе ви помогнеме. Ако не сакате, ќе сториме сѐ за да ви ги спасиме животите (…) Сите ние сме луѓе. Има компликации, има тешкотии, но сигурен сум дека заедно ќе ги надминеме овие проблеми“, рекол белорускиот претседател.

Според Лукашенко, од земјата веќе биле евакуирани околу илјада мигранти. Според неговата процена, во Белорусија во моментов има околу пет илјади мигранти, сметајќи ги и оние во споменатиот транспортно-логистички центар.

„На оние коишто сакаат да одат дома, ќе им помогнеме во тоа. Но нема да ве бркаме. Тоа не е во ред“, изјавил Лукашенко во текот на посетата на имповизираниот мигрантски камп во пограничната област.

Белорускиот претседател, кој разговарал со бегалците во трнаспортно-логистичкиот центар во близина на пограничниот премин „Брузги“ кон Полска, истакнал дека неговата земја нема да си поигрува со судбините на мигрантите.

„Ако сакате да заминета на Запад, нема да ве притвораме, задушуваме, тепаме. На вас е да ја донесете одлуката. Одете од другата страна. Одете“, изјавил Лукашенко.

Предупредил дека мигрантската криза, доколку не биде решена сега, ќе стане уште поголема. Во текот на својата прва посета од почетокот на кризата, Лукашенко ги посетил и волонтерите и службите кои на мигрантите им обезбедуваат храна и разговарал со службениците на Црвениот крст во кампот. Притоа повторно ги критикувал белоруските соседи.

„Ќе сториме сѐ што сакате, дури и доколку тоа е лошо за Полјаците и Латвијците. Во ниеден случај нема да ве притвораме, да ви ги врзуваме рацете и да ве товариме на авионите за да ве вратиме дома ако тоа не го сакате“, рекол Лукашенко.

Белорусија започна со враќањето на мигранти, но сѐ уште го чека одговорот од Европската унија, која сака да прими 2.000 луѓе коишто чекаат на нејзините источни надворешни граница. Во понеделникот Лукашенко рече дека ќе побара од Германија да ги проми, предупредувајќи дека ЕУ сѐ уште не го контактирал Минск во врска со тоа.