Лукашенко: Москва ќе му испорача оружје на Минск за над милијарда долари

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави во неделата дека Москва и Минск договориле набавка на руско вооружување во вредност од повеќе од милијарда американски долари.

„Многу сум благодарен на руското раководство, војската и рускот воено-индустриски комплекс за согласноста за листа вооружување кои ќе бидат (испорачани) тука до 2025 година. Стенува збор за дестина авиони, кои делумно веќе пристигнаа, неколку десетици хеликоптери, и ТОР-М2. Големите количества значат дека ние и Руската Федерација го сфаќаме овој западен правец многу сериозно, каде се наоѓаме во директен контакт со војските на НАТО“, изјавил за медиумите Лукашенко.

На неодамнешната средба на Лукашенко со рускиот претседател Владимир Путин во Кремљ беше посветено големо внимание на прашањата за одбраната и безбедноста.

Белорускиот претседател, исто така, рекол дека рускиот челник на разговорите во Москва му ги претставил напредните противвоздушни ракетни системи С-500.

„Многу ефикасен комплекс, кој веќе ги мина тестовит, и според мое мислење е подготвен да влезе во вооружувањето. Притоа уште еднаш му спомнав за С-400, му кажав каде сакаме да ги распоредиме овие комплекси“, додал Лукашенко.

Притоа истакнал дека армиите на двете земји се подготвени да ја осугураат безбеднсота на Сојузната држава меѓу Белорусија и Руската Федерација. Договорот за формирање Унија (Сојузна држава) Белорусија и Русија е потпишан на 8-ми декември 1999 година. Неа ѝ претходеше формирањеро на заедницата на Русија и Белорусија во април 1996 година, а во април 1997 година на Сојузот Белорусија и Русија.

Во заднината на нараснатите тензии меѓу Западот и Белорусија која прерупредува на зголемено присуство на трупите на НАТО на нејзините градници, од 10-ти до 16-ти сепрември се изведува практичната фаза од стратешките воени маневри „Запад-2021“ кои се одржуваат на девет полигони во Русија и на пет во Белорусија.