Лукашенко објави дека Белорусија направила своја вакцина против Covid-19

Белорусија ја создаде својата вакцина за превенција од инфекција со коронавирусот, изјави во петокот белорускиот претседател Александр Лукашенко.

„Вчера лабораториски ја примивме наштата вакцина – белориската. Уште една, различна од она што денес ја купуваме. Како што лекарите ја нарекуваат жива вакцина. Не брзаме, да видиме што ќе се случи задутре, кога ќе се измени болеста. Бидејќи сојот ќе биде сосема поинаков“, изјавил Лукашенко кого го цитира службената белоруска новинска агенција БелТА.

Претнодно на 1-ви април годинава беше објавено дека Лукашенко поптишал указ за создавање вакцина против коронавирусот. Од указот произлегува дека препаратот треба да биде завршен до 2023 година. Како што министерот за здравство Дмитриј Пиневич, лабораториската пилот-серија од препаратот треба да биде добиена кон крајот на годинава, а првата индустриска серија во 2022 година.

Лукашенко во разговорот потсетува на жестоките критики кон него, како и поради неговото минимизирање на опасноста од пандемијата, така и кога објави дека Белорусија ќе развива сопствена вацина против коронавирусот. Белорускиот претседател, исто така, го истакнува и „недостигот од гаранции“ дека сега достапните вакцини ќе помогнат против новите соеви на вирусот.

„Сега имаме вакцини кои се употребуваат, според руските технологии, а ги купивме и кинеските. А задутре ќе ја прилагодиме нашата вакцина којашто е веќе лабораторија, на сојот што ќе го имаме. Којзнае како што ќе се случува“, вели Лукашенко.

Кон крајот на ланскиот декември Белорусија веднаш по Русија започна со имунизација на своето население со руската вакцина „Спутник V“, откако велоруски волонтери од октомври 2020-те учествуваа во клиничките испитувања на овој препарат. Покрај тоа, од почетокот на март Белорусите можат да се вакцинираат и со кинеската вакцина „ Sinopharm“, од која во февруари беа набавени 100.000 дози.

Според податоците на министерството за здравство, Белорусија со 9,5 милиони жители, досега околу 300.000 лица ја примиле првата компонента од вакцината, а околу 137.000 луѓе целосно го завршиле процесот на имунизација.