Лукашенко порача дека ќе отстапи од власта откако ќе се усвои новиот устав

MINSK, BELARUS NOVEMBER 27, 2020: Belarusian President Alexander Lukashenko (C) visits the Transfusiology Centre at Minsks Municipal Clinical Hospital No 6 that treats patients with COVID-19. Currently, the hospital has 767 patients with coronavirus, with 28 in the intensive care unit. Maxim Guchek/BELTA/

Белорускиот претседател Александр Лукашенко во петокот изјави дека ќе отстапи од претседателската должност откако конечно ќе биде усвоен новиот устав, и предложи со реформите да се ограничат претседателските овластувања, а неговите критичари велат дека за овие потези не дал временска рамка.

Лукашенко кој се соочи со масовни протести поддржани од Западот со кои се бараше да се повлече од власт по победата на претседателските избори од 9-ти август, ја даде оваа изјава ден откако рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека треба да се продолжи со реформите за да се надмине кризата во Белорусија.

„Нема да бидам претседател според новиот устав“, го цитира Лукашенко државната новинска агенција БелТА.

Лукашенко рекол и дека сегашниот устав треба да се реформира, бидејќи во рацете на претседателот е концентрирана преголема моќ, како и дека би можело да има „неволји“ во земјата доколку сега отстапи од власта.

Изјавата, како што пренесува агенцијата, ја дал во текот на посета во болница во којашто се лекуваат заразени од новиот коронавирус, облечен во бело заштитно одело и со маска на лицето каде што разговарал со пациентите, а подоцна и со лекарите и со здравствениот персонал.

Русија, кој е клучен сојузник на Белорусија, јавно го поттикнуваше и го поддржа предлогот на Лукашенко за реформирање на уставот. Лукашенко во екот на протестите, пред речиси два месеца, ги посети во затворот и групата од десеттина опозициски челници со кои разговараше за потребата од реформи на белорускиот устав, но досега не е остварен ниеден конкретен чекор. Опозицијата критикува дека ветивањето на Лукашенкио за уставни реформи е само тактика за одолговлекување.

Шефот на рускатата дипломатија, Сергеј Лавров, во четвртокот му порачал на Александр Лукашенко да ги спроведе реформите кои ги ветил, како и другите договори кои на средбата во септември ги договорил со рускиот претседател Владимир Путин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.