Лукашенко пред Путин го обвини Западот дека сака да ја дестабилизира Белорусија

Белорускиот претседател, Александар Лукашенко,  пред почетокот на разговорите со рускиот претседател  Владимир Путин во петокот во Сочи го обвини Западот дека сака да ја дестабилизира негобата земја, ден откако ЕУ   воведе санкции поради пренасочувањето на авионот на „Ryanair“ и апсењето на опозицискиот новинар и блогер, Роман Протасевич, кој бил на летот од Атина за Вилнус, а присилно слета во Минск.

„Во тек е обид за дестабилизирање на ситуацијата, се да биде како што беше во август 2020 година“, рече Лукашенко на почетокот на средбата со Путин, осврнувајќи се на големите демонстрации минатата година по претседателските избори, кои опозицијата ги смета за наместени.

Путинго прими Лукашенко на разговари за поблиските економски односи меѓу двете земји во време кога односите меѓу Белорусија, ЕУ и САД се затегнуваат откако авионот беше пренасочен кон Минск и апсењето на белорускиот опозиционер. Москва во последните денови даде повеќе сигнали на поддршка за својот белоруски сојузник, кого Европа го обвини за присилното слетување на авионот, поради наводна закана со бомба за да го уапси опозицискиот новинар.

Путин ги пофали „конкретните резултати“ од приближувањето со Белорусија, кога го прими Лукашенко.

„Во тек е изградба на зајакната унија меѓу Русија и Белорусија. Ние правиме солиден напредок во таа насока … таа работа веќе дава конкретни резултати за нашите граѓани“, рече Путин.

Целта на состанокот на двајцата официјални претставници е да се разговара за „зајакнување“ на економската интеграција на двете земји и начинот на реакција на „надворешните притисоци“, се наведува во соопштението на белоруското претседателство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.