Лукашенко признава дека „малку се заседнал“ во претседателската фотелја

Белорускиот претседател Александр Лукашенко призна во вторникот дека неговиот мандат на должноста која ја извршува четврт век „веројатно е надминат“, но тврди дека само тој може да ги „заштити“ Белорусите.

„Да, можно е, можеби се засднав малку, можеби ме прикажуваат не само преку телевизор, туку и од пегла и од чајник. Да, но навистина само јас можам да ги заштитам Белорусите“, го цитира Лукашенко дописникот на руската телевизја Россия-1, кој го интервјуирал белорускиот претседател.

Шеесет и осумгодишниот Александр Лукашенко на претседателската должност е 26 години, и е вториот според долговечноста европски челник по црногорскиот претседател 58-годишниот Мило Ѓукановиќ, кој севкупно на власт, како премиер и претседател досега е 31 година.

Последниот шестгодишне мандат Лукашенко го доби на изборите од 9-ти август, кога според официјалните податоци на државната изборна комисија освоил 80,10 отсто од гласовите, додека неговиот конкурент опозициската лидерка Светлана Тихановска освоил 10,12 отсто од гласовите. Барањето на Тихановска за пребројување на гласовите или повторување на гласањето, а таа замина во егзил во соседна Литванија.

Речиси цел месец во Белорусија траат најмасовните досега протести на опозицијата која бара повлекување на Лукашенко, проследени во првите денови со судири со полицијата во кои имаше жртви и стотици повредени на двете страни, како и над 6.000 приведени опозициски лидери и демонтранти. Откако најголемиот дел од нив беа ослободени, протестите беа мирни, но од минатата седмица се известува дека повторно има масовни притворања на опозиционерите. Лукашенко ги обвинува западните земји дека ги оркестрираат протестите против него и за обид за нелегално преземање на власта во Белорусија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.