Лукашенко се сретна со затворените челници на опозицијата, разговараше за уставните реформи

Белорускиот претседател Алескандр Лукашенко во саботата неколку часа разговарал со затворените претставници на опозицијата, меѓу кои и со поранешниот кандидат Виктор Барбико на претседателските избори на 9-ти август, што претставува изненадувачки потег додека протестното движење кое два месеца трае против него последните седмици како да загуби на интензитетот и масивноста.

Како што пренесе службената белоруска новинка агенција БелТА и соопшто кабинетот на белорускиот претседател кој на социјалната мрежа Telegram објави фотографија од средбата во истражниот затворот на безбедносната служба КГБ во Минск, на кој учествувал и Виктор Бабарико, неговиот главен противкандидат на претседателските избори кој беше уапсен во јуни.

Присутни биле вкупно 11 истакнати членови и членки на Координативниот одбор и здружениот штаб на опозицијата формиран за да се обезбедни пренос на власта. Регионалните медиуми поименично ги идентификуваа сите присутни на средбата меѓу кои се и бизнисмени, адвокати политички аналитичари итн.

Лукашенко со опозициските челници разговарал 4 и пол часта, а негвоиот кабинет соопшто дека „целта на претседателот е да ги слушне мислењата на сите“. Сепак, содржината од разговорот „со заедничка одлука ќе бидат задржани во тајност“, се додава во соопштението.

Адвокатот на еден од опозиционерите, Антон Гашински, за радиото Эхо Москвы изјавил дека никој од претставниците на опозицијата кои се во истражниот затвор не знаел однапред за средбата со Лукашенко.

„На средбата покрај Виталија Шкларов, присуствувале и лица кои се наошаат на апсолутно разни позиции. Нив претходно никој не ги известил, а утрото биле однесени на едно мест, и до последен момент не знаеле со кого ќе се сретнат. Тоа претставувало изненадување“, рекол адвокатот, кој верува дека доаѓањето на Лукашенко може да укажува на почетокот на дијалог со опозицијата и дека тоа „дава надежи“.

„Уставот нема да се пишува на улица“, рекол Лукашенко алудирајќи на неговиот предлог за уставни реформи за кој инсистира дека ќе ја реши кризата во земјата.

„Не треба да се занимаваме само со уставот. Јас на тоа гледам пошироко, се обидувам да ги убедам не само вашите приврзаници, туку и целото општество дека на проблемот треба да се гледа пошироко“, рекол Лукашенко.

На мрежата Telegram, Светлана Тихановска, која освои 10 отсто од гласовите на изборите наспроти 80 отсто на Лукашенко и која замина во егзил во Литванија, објави дека телефонски разговарала со својот сопруг Сергеј Тихановски кои е во затвор, и кого всушност го замени како лидер на опозицијата. Тоа бил нивниот прв разговор од неговото приведување во мај.

Александр Лукашенко кој е на власт од 1994 година се соочува со досега најмасовните протитести кои беа поттикнати од сомневања во голема изборна измама. По изборите десетици илјади луѓе се собираат секоја недела на улиците во Минск барајќи негова оставка и одговорност за употреба на сила против демонстрантите во кои наводно загинале три лица, а стотици се повредени на двете страни. По првичните масовни приведувања на неколку илјади демонстранти, белоруските власти подоцна се ограничија на брзо ослободување на уапсените, и моментално во притвори се стотина лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.