Минск и Москва заеднички ќе одговорат доколку Киев започне воени судири во источната украинска област Донбас населена со доминантно руско и рускојазично население, предупреди во неделата белорускиот претседател Александр Лукашенко во интервјуто за YouTube каналот Соловьев Live, од кое инсерти беа емитувани на рускиот јавен сервис Россия -1
Едно од прашањето се однесуваше на тоа како ќе реагира белоруската армија доколку украинските власти се одлучат за воено решени на конфликтот со самопрогласените проруски републики во Луганск и Донбас.
„Исто како и руската“, одговори Лукашенко на прашањето. На прецизираното прашање дали тоа ќе биде заеднички одговоор на Белорусија и Русија, Лукашенко кусо одговори „Нормално“.
Истовремено бепорускиот претседател го изрази своето убедување дека САД го туркаат Киев во војна, и оцени дека рускиот челник Владимир Путин исправно постапува во таквата ситуација.
„Јас тоа го поддржувам. Ги исцртавме ‘црвените линии’“, рече Лукашенко и посочи дека нивното пречекорување претставува ризик.
На прашањето дало ракетен напад врз територијата на Украина може да биде одговорот, белорускиот претседател одговори „И не само“.
„Сѐ, со што се располага. Доколку сте повлекле ‘црвена линија’, зошто тогаш сте ја поставиле? За никој да не ја премине“, истакна Лукашенко.
Сепак, белорускиот челник смета дека и во случај на војна со Украина нема да има голема војна во Европа, бидејќи „живееме премногу удобно“.
Според Лукашенко, во современиот свет никој не е заинтересиран да се откаже од мирното живеење и да се соочува со проблемите и стравотии какви што преживувале жителите на Белорусија и другите земји во Втората светска војна,
„Поради тоа тие е сфаќаат дека е залудно да војуваат со нас, пред сѐ со Русија. Не зборуваме за никакво нуклеарно или друго стратешко оружје. Но, подобро е да не нѐ гибаат…“, истакна Лукашенко.
Додаде дека е малку веројатно дека Украниа би војувала со Русија и Белорусија, како што би сакал Западот.
„Украина никогаш нема да војува со нас. Таквата војна би треала најмногу три или четири дена. Таму нема кој би се борел против нас“, заклучи Лукашенко.
Но предупреди дека обидите од Полска да влијаат на белоруските претседателски избори во 2020 година кога беа организирани најголемите безредија и протести во неговото над дводецениско владеење можело да предизвика инвазија на НАТО силите и почеток на Третата светска војна.
„Постоеше план пред председателските избори, зборував и порано за тоа, и требаше да влезат на само еден ден во владата или во Дворецот на независноста… Буквално истиот момент ќе го повикаа НАТО. А замислете ја ситуацијата да го повикаа НАТО тука.. и што? Тогаш ќе имаше војна, зошто?“, рече Лукашенко на преашањето дали ја имал предвид опасноста од нова светска војна.