Лукашенко води со скоро 80 проценти од гласовите на претседателски избори во Белорусија

На претседателските избори во Белосрусија води досегашниот претседател Александар Лукашенко, покажуваат излезните анкети. Според првичните податоци, тој освои 79,7 проценти од гласовите.

Второто место го зазеде Светлана Тихановска со 6,8 проценти од гласовите. Ана Канопачка е на третото место со 2,3 проценти, а потоа следат Андреј Дмитријев – 1,1 процент и Сергеј Черешињ – 0,9 проценти.

Централната изборна комисија објави дека на изборите во Белорусија до 18 часот гласале 79% од гласачите.