„Лукоил“ веќе четврт век носи стабилност на нафтениот пазар

Една од најголемите нафтени компании во светот, „Лукоил“, навршува 25 години од нејзиното основање. Тие за својот животен век можат да се пофалат со посветена работа поврзана со истражување, ископување на нафта и гас, производство и пласман на високо квалитетни нафтени деривати, како и електрична енергија во 35 земји преку нивната развиена малопродажна цена.

„ЛУКОИЛ“ е компанија која со своето работење носи стабилност, сигурност и квалитет на нафтениот пазар. Работи по најсовремени светски стандарди и гарантира квалитет и високо ниво на услуги. Придонесува во светското производство на нафта со преку 2%, а со своето тековно производство обезбедува залихи за наредните 19 години, а кои се дистрибуираат до 5.500 бензински станици во над 22 земји во светот.