Луксембург ги одобри геј браковите

Луксембург усвои закон за хомосексуален брак и така ќе се приклучи во групата на десет европски дрежави кои веќе го легализираа овој вид на брак, пренесуваат тамошните медиуми.

Парламентот со мнозинство гласаше за закон според кој „ две лица од различен и ист пол можат да стапат во брак“. Законот дозволува хомосексуалните двојки да можат да усвојат деца.

Првите хомосексуални бракови ќе можат да се склучат на почетокот на 2015 година бидејќи законот ќе стапи на сила шест месеци од неговото усвојување.

Луксембург е 11 земја која ќе дозволи хомосексуален брак по Холандија, Белгија, Шпанија, Шведска, Норвешка, Португалија, Исланд, Данска, Франција и Велика Британија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.