Луксембург и Германија со највисок животен стандард во ЕУ

Жителите на Луксембург и Германија имаат највисок животен стандард во ЕУ, додека на дното се Унгарија, Хрватска и Бугарија, покажуваат податоците на „Еуростат“.

Највисока потрошувачка по жител бележи Луксембург, и тоа 30 отсто над просекот во ЕУ.  По Германија следат Австрија, Данска и Велика Британија каде што во 2017 година стандардот бил повисок за 15 до 20 отсто од просекот во ЕУ. Во Белгија, Финска, Холандија, Шведска и Франција стандардот бил 10 отсто над просекот.

Според показателот на куповната моќ на домаќинствата, само 10 земји од ЕУ во 2017 година биле над просекот на Унијата, наведува „Еуростат“.

Земји со најниско ниво на потрошувачка по жител, со повеќе од 30 отсто под европскиот просек, се Романија, Литванија, Хрватска, Унгарија и Бугарија. Во Хрватска куповната моќ била 38 отсто под просекот на Унијата.