Луксузни џипови се крадат по Скопје среде бел ден

Скопјанец останал без својот луксузен џип додека вчераутро пазарел во тобако продавница во близина на зелениот пазар во населбата Тафталиџе, информира МВР.

Дваесети четиригодишникот ги оставил клучевите во својот џип „Ленд Ровер – Рејнџ Ровер Спорт“, и додека купувал во маркетот крадците влегле во возилото и со голема брзина заминале.

За среќа на сопственикот, за само половина час подоцна полицијата го нашла скапиот џип, оставен на патот кој води од Скопје кон Тетово, во близина на селото Ласкарци.

На 13 ноември лицето С.Е. (24) од Скопје пријавил дека околу 08.40 часот, пред тобако на улицата „Московска“, од страна на две непознати лица му било одземено патничко возило „Ланд Ровер – Рејнџ Ровер Спорт“ со скопски регистарски ознаки. С.Е. застанал пред маркет и возилото го оставил незаклучено и со мотор во функција. Во исто време слушнал отворање на врата од возило. Тој се обидел да ги спречи во намерата, но двајцата сторители со голема брзина го стартувале возилото и заминале во непознат правец. Околу 09.05 часот полициски службеници го пронашле отворено возилото на патот Скопје – Тетово, во близина на селото Ласкарци. Во 14.00 часот возилото му било вратено на пријавителот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот, се вели во информацијата на скопската полиција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.