Лула да Силва од затвор кандидиран за претседателските избори во Бразил

Бразилската Работничка партија (PT) го кандидираше во средата поранениот шеф на државата Лиуз Инасио Лула да Силва за претседателските избори кои ќе се одржат во октомври, и покрај тоа што тој ја отслужува затворската казна под обвинение за корупција за кое вели дека е заговор, и откако неговата кандидатура ја поддржаа огромен број приврзаници.

Лула е прогласен за виновен за корупција и перење пари во врска со реновирање на луксузен пентхаус на брегот што го финансирала компанија којашто настојувала да си осигури активности со државниот нафтен гигант „Petrobras“. Отслужува казна од 12 години затвор во градот Куритиба, на југот од Бразил.

Да Силва беше претседател од 2003 до 2010 година. Во април Лула беше осуден на 12 години и еден месец затвор за корупција и перење пари. Тој беше највисокиот уапсен и осуден функционер во антикорупциската акција на полицијата наречена „Пералница за автомобили“. Лула за цело време на судењето тврдеше дека не е виновен и дека обвинението е политички мотивирано.

Анкетите на јавното мислење спроведувани до изрекувањето на пресудата против Лула де Силва во април, укажуваа дека тој би имал најголеми шанси за победа на претседателските избори.

До средата 13 кандидати ги поднеле кандидатирите, но Лула и натаму е далеку пред другите во испитувањата на јавното мнение.

Најмалку десет илјади луѓе во средата маршираа до Врховниот изборен суд (ТЅЕ) за да ја поддржат кандиатурата на поранешниот претседател чијашто популарноста е извонредно висока и покрај судскиот процес и пресудената казна.

Се очекува дека Врховниот изборен суд ќе ја поништи кандидатурата на Лула врз основа на законот кој не им дозволува на лицата осудени за криминал да се натпреваруваат за претседателската должност. Судот својата одлука треба да ја објави до 17-ти септември.

Лула се искачи на општественото скалило од чистач на чевли и уличен продавач до најпопуларниот политичар во историјата на Бразил. Се смета дека во неговите два мандата десетици милиони Бразилци се извлекле од сиромаштијата, делумно и преку социјалните програми кои беа финансирани од приходите од нафтата.