Лула да Силва официјално се кандидираше на претседателските избор за „обнова на Бразил“

Ветеранот на бразилската левица и популарен поранешен претседател Луиз Инасио Лула да Силва ја објави во саботата својата кандидатура на претседателските избори во октомври за да ја „обнови“ земјата по „неодговорната и криминална“ власт на десничарот Жаир Болсонаро.

„Подготвени сме да работиме, не само за да победиме, туку и за да го обновиме и преобразиме Бразил, што ќе биде потешко отколку самите избори“, изјави 76-годишниот Лула да Силва на собирот во Сао Паоло, пред околу четири илјади приврзаници според процените на медиумите.

Дванаесет години по заминувањето од власт со многу висока поддршка во јавноста од 87 отсто, поранешниот синдикален водач кој сѐ уште нема достоен наследник во бразилската левица, ќе се обиде да го освои третиот претседателски мандат по два мандата од 2003 до 2010 година.

Во недостиг од кој би ги заживеал „третиот (политички) пат“, Лула е единствениот кој може на изборите да го победи 67-годишниот Болсонаро кого го надминува во сите анкети, но вториот е подготвен да стори сѐ за да ја задржи власта.

„Што сакаме? Демократски или авторитарен Бразил: Изборот никогаш не бил толку лесен“, порача Лула ображајќи ѝ се на масата којашто го поздравуваше со извиците „Лула, воину на бразилскиот народ“.

„Бразил е преголема земја за да биде доведен во позиција на парија“ држава, истакна Лула повторувајќи неколкупати дека сака да го „обнови суверенитетот“ на земјата по „неодговорната и криминална владина политика“.

Лула уште следната седмица ќе ја започне кампањата во којашто ќе ја пропатува целата голема земја, што веќе со месеци го прави неговиот главен ривал Болсонаро. Претседателските избори во два круга, на 2-ри и 30-ти октомври, се очекува да ја потврдат крајната поларизација на земјата со 213 милиони жители.

Лула смета дека неговите постигнувања, како што се намалувањето на нееднаквостите, социјалната политија и промовирањето на образованието сега се „уништени и разорени“.

„Мислам дека можам да сторам повеќе и подобро од она што веќе го направив“, рече Лула во неодамнешниот разговор за магазинот Time кога ја возбуди светската јавност кога изјави дека за војната во Украина исто толку виновен е украинскиот претседател Владимир Зеленски колку и рускиот претседател Владимир Путин.

Кандидатурата на Лула има призвук на одмазда за поранешниот претседател чешто исклучување од претседателската трка во 2018 година му овозможи на Болсонаро лесна победа. Кога во ноември 2019 година Лула беше осуден на едно ипогодишна затворска казна поради корупција, се чинеше дека политичката кариера на поранешниот водач на металскиот синдијат е завршена. Но Врховниот суд на Бразил во март 2021 година ја поништи пресудата.