Лупевска: Владата да ги научи на бон тон министрите Ангеловска и Бектеши

Новинари реагираат на вчерашната прес-конференција на министрите за финансии и за економија, Нина Ангеловска и Крешник Бектеши, кои покажаа целосна неподготвеност на средбата со медиумите.

Наместо да одговорат на прашањата што ги интересираат граѓаните како, кој и кога и како може да добие платежни картички за купување на домашни производи и ваучери за туризам од 6.000 денари, тие ги нападнаа новинарите – констатираа нетрпеливост и притисоци во прашањата дури и зачуденост како можело новинарите да поставуваат такви прашања.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.