Лута тетовка му ја скршила глава со лап топ на поранешниот сопруг

148

Лута тетовка поранешниот сопруг го нападнала со лап топ.

Според информациите од портпаролот на тетовската полиција, Марјан Јосифовски вчера 48-годишниот З.Ѓ.   пријавил дека бил нападнат од поранешната сопруга, 52-годишнтата В.Ѓ. со која се уште живееле во иста куќа.

Повредениот раскажал дека додека тој работел на лап топот, В.Ѓ. почнала расправија со него, а во еден миг на гнев, го зела  лап топот и го удрила по глава, а потоа почнала да го гребе и да му се заканува по животот.

Јосифоски посочи дека  нападнатиот  побарал кривичен прогон за неговата поранешна сопруга.

В.Ѓ е повикана, разговарано е со неа и се расветлуваат сите поединости околу овој случај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.