Мајами го задржува најдобриот кошаркар со голем договор

Мајами хит одлучи да го задржи Џими Батлер и му понуди нов четиригодишен договор вреден неверојатни 184 милиони долари.

Батлер прв пат дојде во Мајами пред две години кога беше дел од трампата со Филаделфија. Минатата сезона ја заврши со просек од 21,5 поени, 7,1 асистенции и 6,9 скока по меч, во 52 одиграни дуели. Имаше и просек од 2,8 украдени топки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.