Мајами поведе со 2-0 во финалето на Истокот

Кошаркарите на Мајами Хитс поведоа со 2-0 против Бостон Селтиксво финалето од доигрувањето во Источната конференција на НБА лигата, откако во вториот натпревар во серијата до четири победи славеа со 106:101.

И во овој меч Мајами бркаше негатива, откако во првиот меч губеа со 14 поени разлика но на крајот направија пресврт. Синоќа во едени момент Бостон имаше предност и од 17 коша, но сепак Мајами на крајот успеа да слави.

Накефикасен во редовите на Мајами беше Словениецот Горан Драгич со 25 коша и 5 асистенции, деодека Данкан Робинсон додае 18 коша.

Кај бостон најефикасни беа Кемба Вокер со 23 коша и 7 асистенции, Џејсон Тејтам со 21 коп и 5 скокови, и Џејлен Браун со 21 кош и шест скокови.

Третиот натпревар, во кој коѓаркарите на Бостон ќе влезат силно фрустрирани бидејќи наместо да водат со 2-0 во серијата тие сега ја бркаат предноста на противникот, ќе се игра во сабота.

Финалето на Западната конференција, меѓу Лос Анџелес Лејкерс и Денвер Нагетс започнува вечерва.