Мајк Помпео пристигна во вонредна посета на Израел, прва во странство од март

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, пристигна во вонредна посета на Израел каде со премиерот Бенјамин Нетанјаху ќе разговара за прашањата поврзани со анексијата на териториите на Западниот брег, пренесоа француските медиуми.

Заради „превантивни мерки” Помпео нема да може да се сретне со американскиот амбасадор Дејвид Фридман, откако дипломатот се пожалил на „респираторни симптоми”, и покрај тоа што е тестиран и има негативен наод за преисуство на коронавирус, соопшптија од американската Амбасада во Израел.

Посетата на Израел на Помпео му е прва посета на странство од март и почетокот на светската пандемија на коронавирусот.