Мајка и син заразени со Ковид-19, избегале од болница во Бања Лука

Полициската управа соопшти дека две лица избегале од Клиниката за инфективна клиника во центарот на Бања Лука.

Кај двете лица вчера било потврдено дека се заболени од коронавирус. За целиот случај е известен и Државниот обвинител кој треба да постапува по овој случај.

Д.Р. бил незадоволен од условите во студентскиот центар „Никола Тесла“ и се заканувал дека ќе скокне од петтиот спрат, после што тој и неговата мајка се преместени на Инфективно.

Полицијата апелираше во време на пандемија сите граѓани да се однесуваат одговорно, во спротивно ќе следуваат санкции.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.