Мајка му на Дражен Петровиќ: Ноле, ако не дојдеш во Шибеник, јас доаѓам во Задар!

Мајката на починатиот Дражен Петровиќ, Бисерка, би сакал да го запознае Новак Ѓоковиќ.

Со оглед на тоа дека првиот светски рекет овие денови престојува во Хрватска, поточно во Задар, каде се подготвува за вториот турнир во рамките на Адриа тур, би можел да оствари средба со мајката на Дражен, која е негов голем фан.

Бисерка открива дека Новак требало да дојде и до Шибеник, но дека нешто плановите не излегле според планирањата.

„Вистина е, таков беше планот, излезе нешто сосема друго. Новак имаше некои други обврски, а јас чекав да се договориме. Ако ништо друго, ако тој не дојде до петок во Шибеник, јас ќе одам во Задар“.

Таа додаде дека Новак Ѓоковиќ се согласил веднаш на средба:

„Морам да кажам дека Новак баш ми е на срце, тој е величенствен. Бевме гости на неговите родители кога играше финале (Four Eurolige Beograd). Од тогаш сме постојано во контакт, вистинско спортско семејство. Родителите редовно ги следат неговите натпревари, а можам да кажам дека парите не им се на прво место како на многу други, имаат големи особини и нешто позитивно во себе“, порача Бисерка Петровиќ.