Мајката на Ердоган барала снаата Емине целосно да го покрива лицето

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е на балканска турнеја а со него  е сопругата Емина. Емине и Ердоган се во брак од 1978 година, имаат четири деца: Ахмет (роден 1979 година), Билал (роден 1981 година), Езра (39) и Сумеја (37).

Познато е дека Емине целиот свој живот го посвети на сопругот и децата и Турција. Таа е многу посветена жена, а во својата земја се бори против детските бракови, им помага на лицата со психички и физички инвалиди, како и на жртвите од природни катастрофи.

Таа има арапско потекло, пораснала како најмало дете и единствена ќерка во семејство со пет деца. Таа присуствуваше на уметничкото училиште Митхат Паша Аксам, кое го напуштила пред дипломирањето. Имала 15 години кога нејзиниот постар брат Хусеин и забранил да ја напушти куќата затоа што „не одговарало за девојчиња на нејзина возраст“.

Емина цел живот се бореше за себе и за своето место во светот. Пред брак била членка на „Здружението на идеалистички жени“, а идниот сопруг го запознала на еден собир. Тие се венчаа 1978 година. Нејзината свекрва се спротивставила на бракот, барајќи од нејзиниот син да се ожени со девојка со целосно покриено лице, но Емина никогаш не се согласила на тоа.

И покрај тоа што е отворена, таа сепак ја почитува традицијата. Секогаш е облечена според правилата на нејзината земја. Иако носи хиџаб, таа никогаш не го покрива лицето.