Мајкл Даглас и Кетрин Зита-Џонс по 20 години се разведуваат

Мајкл Даглас и Кетрин Зита-Џонс, по бројните обиди да го спасат бракот, донеле одлука за развод, јавуваат странските медиуми.

„Тие веќе некое време имаат проблеми. Но, 25 години разлика меѓу нив, во последно време, започна да создава сè поголем проблем“, пишува Gossip Cop.

Љубовта што ја чувствувале со години се чини дека веќе не е доволна за бракот да преживее. Главната причина за несогласувањето, предизвикано од годините, е тоа што актерот достигнал фаза во неговиот живот кога наводно сака да се смири и да го забави темпото на животот. Од друга страна, Кетрин, која е дваесет и пет години помлада, сè уште има многу сили и ја гради својата филмска кариера многу амбициозно, изјави извор за изданието.

Патем, неодамна медиумите пишуваа за бројката што треба позната холивудска двојка да ја подели ако се случи развод. Таа е дури 350 милиони долари.