Мајкл Џордан: Го сакав Коби, тој за мене беше како помал брат

ајдобриот кошаркар во историјата на овој спорт, Мајкл Џордан, рече дека Коби Брајант го чувствувал како помал брат.

„Зборовите не можат да ја опишат болката што сега ја чувствувам. Го сакав Коби, тој беше како помал брат за мене“, напиша Џордан на социјалните мрежи.

Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џиана, загинаа во хеликоптерска несреќа во Калифорнија. Според последните информации од САД, во урнатиот ахеликоптер животот го загубија вкупно девет лица.