Мајкл Џордан лани заработил два ипол пати повеќе отколку во целата своја кариера

Легендарниот Мајкл Џордан во минатата година заработил 2,5 пати повеќе отколку што заработил во целата негова НБА кариера како играч. Џордан, за време на неговата кариера која траеше од 1984 до 2002 година со два кратки прекина, заработил вкупно 97 милиони долари, но вистинското енормно богатство го стекна со својот бренд.

Џордан добива 5% од приходите од продажбата на спортската опрема под брендот Jordan, а во 2022 година брендот остварил приходи од 5,1 милијарди долари, што значи дека тој заработил дури 256 милиони долари, благодарение на договорот со компанијата Nike.

Во изминатите пет години брендот остварил приходи од 19,4 милијарди долари, па поради тоа на сметката на најголемиот кошаркар во историјата во тој период легнале речиси милијарда долари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.