Мајкл Џордан со пофални зборови за Лука Дончиќ

46

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Мајкл Џордан не ја крие својата воодушевеност од кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ. Словенецот во својата втора сезона во НБА лигата е меѓу тројцата главни кандидати за МВП во регуларниот дел од сезоната.

„Лука е феноменален играч, а толку е млад. Покажува вештини кои се потребни многу години за да се развијат. Ќе биде неверојатно да го гледам како се натпреварува во Лигата“, изјави Џордан.

Словенецот од неодамна потпиша договор со „Air Jordan“ брендот на Најк и ќе стане прв европски кошаркар кој ќе има своја сопствена линија под овој бренд.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.