Мајмуни примија вакцина против ковид-19 во Зоолошка во Сан Диего

Девет мајмуни во зоолошката градина во Сан Диего – четири орангутани и пет боноби – се вакцинирани против ковид-19, со што влегоа во историјата во медицината, соопштија во четвртокот официјалните претставници на Зоолошката градина.

Секое од деветте животни добило две дози од експерименталната вакцина првично наменета за кучиња и мачки.

Еден од примателите на вакцината е 28-годишната жена-орангутан Карен, која во 1994 година беше првиот човеколик мајмун кој беше подложен на операција на отворено срце. Секое од деветте животни доби две дози од експерименталната вакцина првично наменета за кучиња и мачки. Ниту еден од мајмуните немал лоша реакција на вакцината и сите се добро, изјавила за „Ројтерс“ портпаролката на Зоолошката градина Дарла Дејвис.

Официјалните лица одлучија да ги вакцинираат мајмуните откако во јануари горилата беа заразени со коронавирус во Сафари паркот во Сан Диего, во првата позната трансмисија на коронавирусот на мајмуни. Осум горили оттогаш закрепнаа и на пат се кон целосно оздравување, рекла Дејвис.

Горилите сега не се вакцинирани, бидејќи ветеринарите проценуваат дека нивниот имунолошки систем веќе има развиено антитела за борба против вирусот. Се претпоставува дека горилата биле заразени од асимптоматски вработен во паркот. Орангутаните и бонобите биле избрани за вакцинација, бидејќи е оценето дека се во најризичната група, пренесува Хина.