Мајнц го одложи славењето на Баерн, од победата на Баер профитираше Борусија Д

Фудбалерите на Мајнц оствари неочекувана победа од 2:1 на домашен терен против минхенски Баерн со што го одложија славењето на Баварците на деветтата последователна титула во Германија.

Јонатат Буркард во 3 минута го доведе Мајнц во водство кое во 37 минута го удвои Робин Квајсон, додека Баерн успеа да погоди дури во четвртата минута од судиското продолжување на мечот преку Роберт Левандовски.

Мајнц, кој до неодамна се бореше за опстанок со трите победи во низа се пробија до 12-то место со 34 бодови. Баерн останува на првото место во Бундеслигата моментално со десет бодови предост пред второпласираниот РБ Лајпциг.

Баер Левркузен на својот стадион со 3:1 го совлада франкфуртски Ајнтрахт во последниот саботен натпревар.

До 70 минута мрежите мируваа, кога играчот од Јамајка, Леон Бајли го постигна првиот погодок на нафрлување на Диаби, Десет минути подоцна Бајли додаде за погодокот на Лукас Аларио кој во игра влезе во 77 минута. Андре Силва во 90 минута за кисо ја врати неизвесноста, но веќе во првата минута од судиското продолжение Керем Демирбеј ја обезбеди победата за домашните, откако топката по неговиот шут погоди еден од одбранбените играчи на Ајнтрахт, ја промени насоката и го измами гостинскиот голман.

Со победата Баер Леверкусен дојде до 50 бодови на шестото место, пет односно шест бодови помалку од позициите кои гарантираат пласман во европските натпреварувања. Ајнтрахт осна на четвртото место, последното кое директно води во Лигата на шампионите со 56 бодови, но сега со само бод повеќе од петтопласираната Борусија од Дортмунд.

А дортмунтска Борусија, иако половина час играше со играч помалку по исклучувањето на Џуд Белингам во 59 минута, оствари победа со 2:0 на гости кај Волфсбург со погодоците на Ерлинг Каланд кој беше стрелец во 12 и 68 минута.

Борусија Дортмунд дојде до 55 бодови на петтото место, а Волфсбург, за кој ова беше третиот пораз во последните четири кола, остана на 57 бодови на третата позиција.

Хофенхајм одигра 1:1 на гостувањето кај Фрајбург. Андреј Крамариќ во 40 минута ги доведе во водство гостите, а за домашните бод обезбеди во 81 минута од пенал Винченцо Грифо.

Фрајбург со 41 бод е деветти, а Хофенхајм со 36 бодови е 11-ти.

Унион на својот терен во Берлин со 3:1 го победи Вердер, со трите погодока на Жоел Похјанпале во 50, 53 и 67 минута. Единственикот погодок за гостите го постигна Теодор Гебре Саласие во 82 минута.

Ова беше седмиот последователен пораз на Вердер со кој се доведе во опасна позиција во борбата за опстанок, сега е 14-ти со 30 бодови, шест повеќе од местото кое се игра доигрување за опстанол. Унион е седми со 46 бодови.

Во борбата за опстанок најзагрозена е претпоследната 17-та Херта со 26 бодови, но и три меча помалку од речиси сите конкуренти. Келн се проби на 16-то место со 29 бодови, а по 30 имаат Вердер и Арминија која има меч помалку. Шалке со само две победи сезонава и 13 бодови одаман е отпишан од Бундеслигата.

Во недела се играат дуелите РБ Лајпциг – Штутгарт и Борусија Менхегналдбах – Арминија, додека мечот меѓу Шалке и Херта е одложен за 12-ти мај.