Мајо: Италија ги поддржува Албанија и Македонија на европскиот пат

23

Италијанскиот министер за надворешни работи и меѓународна соработка, Луиџи ди Мајо од Тирана порача дека Италија го поддржува процесот на европска интеграција на Албанија и на  Македонија.

Додаде дека Италија инсистира да има позитивна одлука за почеток на преговорите за двете земји.

„Италија инсистира на потребата за позитивна одлука за двете земји и закажување датум за повикување на првата меѓувладина конференција, исто така и да се додели мандат на Комисијата да ја подготви рамката за преговори. Во овој дух му истакнав на Рама дека нашата желба е сите политички актери во земјата да се ангажираат за воспоставување на политичка клима, која не би го попречила европскиот пат на Албанија“, истакна ди Мајо.

Рам, се заблагодари за посетата во овие тешки мигови за земјата и посебно за поддршката и помошта на Италија уште во првите мигови по земјотресот.

„Италија била и ќе остане прв наш партнер во економските односи. Таа никогаш не се штедеше во напорите за трансформација на Албанија. Со министерот разговаравме и за други прашања меѓу кои и за специјалната единица за борба против корупцијата. Министерот ја потврди подготвеноста на неговата земја за поддршка со техничка асистенција и човечки ресурси на терен, за конретна соработка, рече Рама.

Италјанскиот минстер прдружуван од еврокомесарот Луиѓи Сореца го посетија и кампот со шатори во Вора, каде се сместени 200 лица ,кои останаа без своите домови

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.