МААЕ: Иран и натаму ги пречекорува ограничувањата од нуклеарниот договор

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) објави денеска дека Иран продолжува да ги крши ограничувањата утврдени со меѓународниот нуклеарен договор меѓу Техеран и големите сили.

Во доверливиот тримесечен извештај дистрибуиран до земјите-членки, МААЕ посочи дека резервите на Иран со слабо збогатен ураниум продолжуваат да ги надминуваат нивоата дозволени со тој договор од 2015 година, јавува Бета.

Во извештајот се вели дека Иран продолжува да збогатува ураниум до ниво од 4,5 проценти, додека дозволеното ниво е 3,67 проценти.

Минатиот месец, МААЕ потврди дека Иран го прекршува договорот, како што претходно објави и Техеран, велејќи дека тоа е форма на притисок врз земјите-потписнички на нуклеарните сили да понудат економски стимулации за ублажување на ефектите од санкциите на САД. Вашингтон го напушти нуклеарниот договор со Иран пред повеќе од една година и повторно воведе остри санкции за Техеран.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.