Маас: Британија се приближува на излегување од ЕУ без договор

Велика Британија се приближува до излегувањето од Европската унија без договор, изјави во вторникот ноќта германскиот министер за надворешни работи Хејко Маас, истакнувајќи дека сега двете страни да се концентрираат на дефинирање на своите идни односи откако Велика Британија ќе ја напушти Унија.

„Секако дека се надеваме дека во текот на следните 17 дена и натаму ќе биде во можноста да се изнегне ‘неуредено’ излегвуање. Но сега мораме да чекаме и да видиме кaко ќе се развива политичката ситуација во Британија и не смееме да шпекулираме. Британскиот парламент има сѐ во своите раце“, рече германскиот министер за надворешни работи.

Британските пратенции во вторникот вечерта со големо мнозинство го отфрлаа договорот на премиерката Тереза Меј и Европската унија за излегувањето на Велика Британмија од ЕУ. Со тоа брегзитот влезе во хаос само 17 дена пред планираното излегување.

Пратениците гласаа против измената на договорот за брегзитот со 391 наспроти 242, со што последните преговори на Меј во Брисел со кои требаше да ги примират загриженостите на нејзините критичари се покажаа јалови.