Маас против повлекувањето на нуклеарното оружје на САД од Германија

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас се спротиставува на едностраното повлекување на американското нуклеарно оружје од Германија, пренесува германската новинска агенција DPA во петокот.

Маас ја дал оваа изјавa во јапонска Хирошима, која ја посети во рамките на неговиот работен престој во Јапонија каде што ќе усчестува на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите од Г20.

Левичарските германски опозициски партии, посебно партиите Левица и Зелените, повеќепати повикуваа на повлекување на американскиот нуклеарен арсенал распореден на територијата на Германија. Во партијата на Маас, Социјалдемократската партија на Германија (SPD), која е во владејачката коалиција со демохристијаните на канцеларката Ангела Меркел, исто така, имаше неколку изјави во кои се изразуваа слични идеи.

„Нема ништо да помогне доколку нуклеарното оружје се префрла од една во друга земја. Доколку тоа треба да исчезне, тоа треба да исчезне насекаде“, рекол Маас.

Додал дека по прашањето на нуклеарнотпо разоружување, потребни се договори на „широка основа, а не кои се однесуваат на одделни земји“. Притоа шефот на германската дипломатија истакнал дека се залага за свет ослободен од нуклеарното оружје.

„Нашата цел треба да биде свет без нуклеарно оружје, дури и доколку тоа не е едноставно да се постигне или дури и ако е потребно многу време“, додал Маас.

Според медиумските извештаи, во Европа се распоредни околу 150 единици од тактичкото нуклеарно оружје на САД, и посебно во Белгија, Германија, Италија и Холандија. Белгискиот весник De Morgen во јули годинава објавувајќи копија од извештајот на Парламентарното собрани на НАТО пишуваше дека „бомбите се чуват во шест американски и европски бази: Kleine Brogel во Блегија, Büchel во Германија (околу 20 тактички бомби), Aviano и Ghedi во Италија, Volkel во Холандија и Инџирлик во Турција“.