Маас: Русија направи малку за да го разјасни случајот Навални

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас ја обвини Русија во вторникот дека направила „малку“ за да ја разјасни вистината во врска со наводното труење на Алексеј Навални.

-Кога постојано се изнесуваат нови и делумно апсурдни теории, вклучително и тврдења дека Навални се отрул и кога се става под знак прашалник угледот на ОПЦВ (Организацијата за забрана на хемиско оружје) како независна организација, сето ова само го зајакнува впечаток дека нема вистински интерес за разјаснување на околностите на она што се случило, нагласи тој.

Маас претходно предупреди дека Берлин може да воведе санкции за Кремљ поради сомневање за труење на водачот на руската опозиција, но сепак истакна дека Европската унија мора да одржи дијалог со Москва.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.